Кацарска: Нема политички притисок врз Уставниот суд

„Можам да гарантирам за себе, дека никогаш, никој, ниту влијаел, ниту некогаш ќе може да влијае над мене. Убедена сум дека нема политички притисок и кај останатите судии на Уставниот суд, но сепак, секој одговара за својата работа“, рече Добрила Кацарска, денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска со впечатокот во јавноста дека врз судот има политички диктат.

Инаку осега во оваа година примени се 148 предмети, а решени се 173 предмети, што значи се работеле и останати предмети од изминатите години, информира претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска на денешната прес-конференција.

За споредба, како што појасни, имало години кога не бил совладан приливот на предмети при што биле примени поголем број на предмети од што биле решени, а тоа, како што посочи, било случај во 2017, 2019 и 2020 година.

Најголем дел од новопримените предмети оваа година, информира Кацарска, се однесуваат на оценка на уставноста или законитоста, десет се барања за заштита на човековите права и слободи. Поведени се 13 постапки по кои се донесени четири одлуки за укинување, а девет предмети се уште се во постапка.

– Уставниот суд годинава одржа 37 седници. Споредбено со 2020 е за две седници повеќе или 2021 пандемиска година биле одржани поголем број седници отколку во годините пред пандемиајта. Оваа година Уставниот суд укина пет законски одредби и тоа: одредба од законот за аудиовизуелни медиумски услуги, одредба од закон за градење, дел од закон за семејство, одредба од закон за комплементарна и алтернативна медицина и одредба од законот за банки, како и четири други прописи и тоа: правилник на Министерство за одбрана, одлука за ДУП на Општина Центар, правилник за стоматологија, и одлука за донесување ДУП на Општина Карпош, информира Кацарска.

Во текот на 2021 година, додаде, решени се 14 барања за заштита на слободите и правата на граѓаните, а по четири барања се одржале јавни расправи што исто така било реткост во годините претходно.

30.12.2021 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега