ЈП „Паркови и зеленило“ апелира до граѓаните да не ги паркираат возилата под дрвја и да избегнуваат задржување во близина на висока вегетација по најавите на УХМР за променливо облачно време, повремени врнежи од дожд и засилен северен ветер во попладневните часови.
Од претпријатието предупредуваат дека временските услови може да предизвикаат пад на гранки или дрвја, поради што граѓаните треба да бидат внимателни и да ги избегнуваат местата каде што постои потенцијален ризик.
Доколку забележат паднато дрво, скршени гранки или друга опасност предизвикана од временските непогоди, граѓаните треба да пријават на бројот за итни случаи 112 или на дежурните телефонски броеви објавени на веб-страницата на ЈП „Паркови и зеленило“.
Од претпријатието апелираат граѓаните да ги почитуваат препораките и да се грижат за сопствената безбедност.

