Јовчески: Прилеп е домаќинска општина и враќаме долгови, а паралелно ги реализираме проектите за граѓаните

 
Борче Јовчески, градоначалник на град Прилеп на денешната трибина на тема земјоделие, а во рамки на активностите на Ова е Македонија за сите рече дека Прилеп е град на можности во кој има активности. 
 
„Нашата одлука беше да ги слушнеме граѓаните и ги реализираме нивните идеи. Делуваме транспарентно и ни останува уште малку да реализираме од она што е предвидено за до крај на годинава.  Наследивме голем долг и затоа побаравме општинска обврзница за да се реализираат предвидените проекти“, рече Јовчески.
 
Според градоначалникот граѓаните се задоволни затоа што се слуша нивниот глас  и оти се работи транспарентно.
 
„Вративме 120 милиони денари долг и покажавме дека работиме домаќински. Прилеп е град меѓу првите десет општини кој е пример за  домаќинско работење.  Значи работиме и проекти, а  враќаме и долгови“, рече градоначалникот. 
 
Јовчески информираше и за тековните проекти.
 
„Почнавме градежна офанзива и со свои средства ќе се асфалтираме  повеќе од 60 улици.  Не постои училиште кое не е реновирано како внатрешните простории, така и спортските терени на отворено. Се одвојува многу и за културата и спортот, ни следи театарскиот фестивал Војдан Чернодрински“, информираше Јовчески.
06.06.2023 - 18:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега