Актерот Владо Јовановски, кој беше дел од движењето „За заедничка Македонија“ и од упадот во Собранието на 27 април, а е поддржувач на ВМРО-ДПМНЕ, јавно ја коментираше изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека Македонија не преговара за прием на мигранти и дека таква понуда, доколку некогаш се појави, никогаш нема да биде прифатена.

Јовановски напиша дека би бил „вознемирен“ доколку оваа изјава ја дал Зоран Заев, тврдејќи дека, како што наведе, „ќе излажел, како и многу пати досега“.

„Зошто сега сум спокоен? Затоа што на Христијан Мицковски зборот му вреди и му тежи“, напиша Јовановски, додавајќи дека објавените аудио-снимки („бомби“) не предизвикале вознемиреност во јавноста затоа што, според него, „Северџаните се прочитани епски лузери“.

Во објавата продолжи со навреди кон политичките опоненти, оценувајќи ги како „губитници“ на кои, како што напиша, „Македонскиот народ им го покажал местото“.

„Додека не одговараат за злоделата кои ни ги сторија, вака ќе роварат како стаорци и кртови, зашто темнината им е природна средина“, порача Јовановски во својот коментар на социјалните мрежи.

Exit mobile version