Јордан Камчев добил упатен акт за затворска казна за Империја

Упатен акт за бизнисменот Јордан Камчев издал Кривичниот суд за издржување затворска казна од една година, која ја доби со направената спогодба за случајот „Империја“. Но судот не открил каде и од кога ќе поче да ја издржува казната.

Повеќе информации ќе има во текот на утрешниот ден, најавуваат надлежните институции.

 

Инаку, истрагата за случајот „Империја“ по три и пол години заврши неoдамна, по што резултираше со замрзнување на имотот на фирми поврзани со Камчев и поранешниот шеф на УК, Сашо Мијалков. Камчев се спогоди за делото злоупотреба на службената положба и овластување.

 

04.05.2022 - 23:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега