Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЈО со детали за смртта на жената од Таор – смртта е насилна, уапсени се сопругот и тројца негови пријатели

    ЈО со детали за смртта на жената од Таор – смртта е насилна, уапсени се сопругот и тројца негови пријатели

    28.06.2026 во 14:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје и екипи на Министерството за внатрешни работи, ноќеска вршеа увид на тешко пристапна шумска локација во близина на селото Летевци, каде беше пронајдено безживотно тело на жена од Таор.

    Жената била пријавена за исчезната во петокот, по што беа преземени дејствија за нејзино пронаоѓање, информираа попладнево од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

    По првичните истражни дејствија и направената обдукција, надлежните органи потврдија дека се работи за свирепо убиство.

    „Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатата, при што потврдено е дека смртта е насилна. Под сомненија за сторено кривично дело, лишен од слобода е поранешниот сопруг на жртвата, а задржани се и тројца негови пријатели. Се преземаат дејствија за целосно расчистување на настанот“, појаснија од ЈО.

    Од МВР дополнително информираа дека денеска е лишен од слобода С.Г., на возраст од 51 година, со престојувалиште во скопско Таор, поради постоење основи на сомнение дека ја убил 48-годишната Ж.Г.

    Полицијата открива дека токму осомничениот претходно лажно го пријавил нејзиното исчезнување, за подоцна самиот да каже каде се наоѓа телото.

    „На 26 јуни 2026, С.Г. пријавил во полициска станица дека од домот се оддалечила Ж.Г., со која живееле во иста куќа, а следниот ден пријавил дека ја пронашол почината Ж.Г. во близина на село Летевци, скопско. На местото излегле полициски службеници и јавен обвинител, по што телото, кое било во фаза на распаѓање, по наредба на јавен обвинител е предадено на судска медицина за обдукција“, информираа од МВР.

    Во рамки на истрагата, приведени се уште неколку лица кои се поврзуваат со настанот.

    „Со С.Г. е извршен службен разговор и тој е лишен од слобода, а во врска со случајот лишени се од слобода и З.М.(62), Г.Б.(64) и М.Д.(69)“, се вели во соопштението на полицијата.

    Оттаму соопштија дека во координација со јавен обвинител, се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.