Познатата поп-пејачка Јелена Томашевиќ вечера доживеа здравствен колапс за време на својот концерт во Бар, Црна Гора. Инцидентот се случил во салата на Културниот центар, која била исполнета до последното место.
Иако атмосферата била одлична, публиката успеала да ја слушне само првата песна. Веќе на почетокот на втората нумера, пејачката одеднаш изгубила рамнотежа и клекнала на сцената, по што се струполила. Членовите на нејзиниот бенд веднаш реагирале, ѝ притрчале на помош и ја изнеле од сцената на раце.
Организаторите набрзо ги известиле присутните дека концертот се откажува поради ненадејно влошување на здравствената состојба на уметницата.

