Close Menu
Press24
    Најново

    Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица

    28.10.2026 во 19:45

    Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност

    28.10.2026 во 19:29

    „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва

    28.10.2026 во 19:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаревски: Филипче и СДС како да не си ја сакаат државата, гледаат и се грижат за соседите сега конкретно во Србија

    Јаревски: Филипче и СДС како да не си ја сакаат државата, гледаат и се грижат за соседите сега конкретно во Србија

    26.10.2026 во 20:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистини со Видиновски“ вечерва гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски кој се осврна на политичките настапи на СДС посочувајќи ги политиките на Зоран Заев и Венко Филипче кои оставиле последици врз државата.

    „Гледаме дека СДС и поголем дел од опозицијата се опседнати со некој српски свет, со некои српски влијанија, а тие им ја прават кампањата, пуштаат соопштенија во коишто имаат српски печатни грешки. Уверен сум и верувам дека ќе имаат мирна транзиција на власта во Србија, исто така не верувам дека по промената на власта во Србија ќе го променат името и не верувам каква и да е власт таму нема да има толку катастрофални резултати колку што ги направи СДС“, рече Јаревски.

    Јаревски се осврна на ставовите на опозицијата во однос на бугарските барања и евроинтегративниот процес, посочувајќи ја потребата од почитување на волјата на граѓаните и заштита на националните интереси.

    „До ден денес не можеме да сфатиме како можат со таков нихилистички самоубиствен став да одат против сопствената држава, како да не си ја сакаат државата. Ние додека велиме имаме 82% од граѓаните коишто не се сложуваат за прашање за коешто рековме дека ќе направиме се од себе да го образложиме, да најдеме начин да разговараме, да најдеме начин да се надмине истото, и притоа да продолжиме на патот кон Европската Унија. Во меѓувреме, СДС упорно на секоја прес-конференција бара веднаш да се исполнат барањата на Бугарија, СДС досега се покажа дека сака исклучиво да прави политички бенефит на сметка на националните интереси“, дециден е Јаревски

    Прочитај повеќе

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска

    28.10.2026 во 12:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.