Јанкуловска е сама во соба во КПУ „Идризово“, се движи во кругот на женскиот затвор - не работи во затворскиот весник

 

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска не е ангажирана во изработка на интерниот затворски во КПУ „Идризово“ весник, бидејќи нема време поради тоа што е постојано на суд, дознава „А1он“. Јанкуловска е преместена од приемното одделение каде беше сместена на крајот од септември минатата година во затворско одделение. Таа е сместена сама во соба, а се движи во кругот на женскиот затвор, под надзор од службите. Јанкулоска може да прима посети во затворот, а другите затвореници кои подолг период не можеа да користат слободни викенди – сега таа привилегија им е повторно овозможена.

„Таа е нонстоп на суд. Повеќе време поминува на суд. Нема промени, немам примедби, не сум видел дека има проблем таму. Овде сум официјално од 21 декември. Се пристапува превентивно во однос на нејзината безбедност, исто како на почетокот. Мојата информација е дека е сама во соба. Тоа е безбедносна проценка, затоа што ако се случи нешто што ќе правиме? Станува збор за поранешен функционер. Нема шетање надвор од женскиот затвор, само во кругот со други, под надзор од службата“, вели директорот Јовица Стојановиќ.

Ексминистерката Јанкулоска беше осудена на шест години затвор во случајот „Тенк“, а пак, Апелациониот суд и ја намали казната на четири години.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.02.2021 - 17:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега