Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ до Николовски: Бараш судска заштита, а не се појавуваш на рочишта
    • СДСМ: Економските резултати на Мицкоски се катастрофално лоши
    • Историска средба во Белата куќа: Си Џинпинг и Доналд Трамp пред клучни трговски одлуки
    • Собранието домаќин на 25. Мешовит парламентарен комитет ЕУ – Северна Македонија
    • Северна Кореја тестираше нови наведувани ракети од 240 мм: Загрозена јужната граница
    • Температурите паднаа под нулата – Ладно утро во Македонија
    • Операција „Филтер“: Паѓа организирана група за шверц на цигари, Царинската управа врши претреси на над 20 локации
    • Гореше низ Македонија – ЦУК информира за состојбата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска со отчет за сработеното: Зголемени инвестиции и реформи во образованието

    Јаневска со отчет за сработеното: Зголемени инвестиции и реформи во образованието

    24.06.2026 во 11:153 Mins Read
    Влада, Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Образованието и науката се клучен двигател на развојот на државата, порача министерката за образование и наука Весна Јаневска на денешната прес-конференција во Владата, на која презентираше отчет за сработеното во изминатите две години.

    Таа истакна дека во изминатиот период се реализирани низа реформи насочени кон унапредување на условите во основното, средното и високото образование, како и во научно-истражувачката дејност, со цел подобрување на квалитетот и зголемување на можностите за учениците, студентите и наставниот кадар.

    Јаневска оцени дека при преземањето на функцијата бил затекнат сериозен пад во системот, но дека со, како што рече, одговорни политики е започнат процес на стабилизација и унапредување на образованието и науката.

    Таа посочи дека е воспоставена системска поддршка за талентирани ученици, при што се покриваат трошоците за учество на меѓународни олимпијади, а во подготовка е и концепт за нивна системска детекција и поддршка.

    Во делот на стручното образование, информираше дека е унапреден моделот на дуално образование со вклучени околу 1.000 компании, како и дека се формирани седум регионални центри, со најави за отворање на осми.

    Според неа, воведено е и кариерно советување во основното и средното образование, со цел полесно насочување на учениците кон нивниот понатамошен образовен и професионален пат.

    Јаневска истакна дека за првпат по подолг период учебниците се обезбедуваат навреме, пред почетокот на учебната година, вклучително и учебници по странски јазици.

    Посебен акцент беше ставен на поддршката за учениците со попреченост, при што, како што наведе, значително е зголемен бројот на образовни асистенти, а воведени се и нови форми на хибридно образование за ученици кои се на подолго лекување.

    Во делот на студентскиот стандард, министерката информираше за проширување на опфатот на субвенциониран студентски оброк, олеснети услови за стипендии и воведување нови категории стипендии, меѓу кои и за студенти со ретки болести и посебни образовни потреби.

    Таа најави и нов Закон за високо образование, со кој најдобрите студенти ќе имаат предност при вработување во јавните високообразовни и научни институции.

    Во делот на инфраструктурата, посочи дека се инвестирани околу 70 милиони евра во повеќе од 90 проекти, при што се градат и реконструираат училишта, спортски сали и студентски домови, а дел од капацитетите наскоро повторно ќе бидат ставени во функција.

    Јаневска информираше и за дигитализацијата во образованието, наведувајќи дека во училиштата е воведена нова ИТ опрема, безбеден интернет и обуки за наставници за користење на нови технологии, вклучително и вештачка интелигенција.

    Таа се осврна и на оптимизацијата на училишната мрежа, нагласувајќи дека, и покрај реакциите, нема да има отпуштања, туку прилагодување на системот на демографските промени.

    Во делот на платите на наставниците, истакна дека е договорено нивно постепено зголемување во наредните години, како и унапредување на кариерниот развој и намалување на административните обврски преку дигитални системи.

    Јаневска заклучи дека вложувањата во образованието и науката се значително зголемени, како во делот на буџетите за универзитетите, така и за научно-истражувачки проекти и пристап до меѓународни бази на податоци.

    Top News Влада
    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ до Николовски: Бараш судска заштита, а не се појавуваш на рочишта

    24.09.2026 во 09:23

    СДСМ: Економските резултати на Мицкоски се катастрофално лоши

    24.09.2026 во 09:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.