Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Тројца убиени во пукотница во шпанско одморалиште, меѓу нив бремена жена и дете

    17.08.2026 во 13:55

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Историско судење: Ако „Мета“ го загуби спорот, Instagram и Facebook би можеле засекогаш да се променат
    • Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“
    • Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари за ракети „Томахавк“
    • Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките
    • Канада пред нов удар: САД воведуваат царини од 50 проценти во средa
    • Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување
    • Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров
    • Почнува судењето за убиството на Тупак
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска: Образованието не може без бизнисот, стручното образование е силната страна на системот

    Јаневска: Образованието не може без бизнисот, стручното образование е силната страна на системот

    18.11.2025 во 13:102 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Образованието е заедничка општествена одговорност. Министерството за образование и наука не може самостојно да креира ефективни и долгорочни образовни политики доколку тие не произлегуваат од реалните потреби и предизвици што ги посочуваат општествените чинители. Во таа смисла, особено значајна е улогата на бизнис заедницата, која најдобро ги согледува динамичните барања на пазарот на трудот и потребата од практично применливи знаења и вештини.

    Ова го истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска на денешната конференција на тема „Градење иднина – практични вештини за новата генерација“, што ја организираше Стопанската комора на Македонија заедно со амбасадата на Швајцарија, во рамки на проектот „Образование за вработување во Македонија“.

    „МОН има воспоставено исклучително конструктивен и отворен дијалог со Стопанската комора на Македонија и со Амбасадата на Швајцарија, која континуирано низ годините наназад е наш силен поддржувач за градење современ, квалитетен и инклузивен образовен систем. Заедно сме насочени кон развивање на квалитетни практични вештини кај младите генерации, а моделот на дуално образование се покажа како најдобар механизам преку кој ја остваруваме оваа цел. Денес, околу 700 компании активно се вклучени во обезбедувањето практична настава за учениците и ќе посочам дека всушност – стручното образование е силната страна на нашиот образовен систем“, рече Јаневска.

    Министерката информираше дека над 70% од учениците од последните две генерации кои се запишуваат во средно образование, одбираат да учат во средни стручни училишта и во седумте регионални центри за стручно образование и обука, каде добро се подготвуваат за брз и успешен настап на пазарот на труд, но и стекнуваат квалитетна основа за понатамошна академска надградба.

    „Немам дилема дека ќе успееме образовниот систем целосно да го синхронизираме со потребите на младите, на економијата и на целото општество. Но, свесни сме дека тоа бара време. И затоа, барам поддршката од бизнис заедницата и нашите меѓународни партнери да продолжи. Да ја одржиме соработката и понатаму да нудиме заеднички одржливи политики и решенија во образованието“, додаде Јаневска.

    На конференцијата се обратија и заменик амбасадорката на Швајцарија, Михал Харари и извршниот директор на Стопанската комора на Македонија, Антони Пешев, по што следуваа повеќе панел дискусии поврзани со подготовката на младите за вклучување во бизнис секторот.

    Прочитај повеќе

    Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување

    17.08.2026 во 22:11

    Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров

    17.08.2026 во 22:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.