Close Menu
Press24
    Најново

    Јаневска: Се воведуваат парични казни за родителите на деца кои вршат врсничко насилство

    11.08.2026 во 13:59

    СДСМ: Власта ги извиси земјоделците

    11.08.2026 во 13:52

    Малолетник со тешки повреди пренесен во болница – автомобил го удрил додека туркал тротинет, па избегал

    11.08.2026 во 13:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Јаневска: Се воведуваат парични казни за родителите на деца кои вршат врсничко насилство
    • СДСМ: Власта ги извиси земјоделците
    • Малолетник со тешки повреди пренесен во болница – автомобил го удрил додека туркал тротинет, па избегал
    • Муцунски се сретна со в.д. амбасадорката на САД, Никол Варнес: Потврдени одличните билатерални односи
    • Гори во Македонски Брод – ЦУК со детали за денешните пожари на отворено
    • Илиевска: Над 330.000 пензионери добија линеарно зголемување на пензиите
    • Стојаноски: Официјалните податоци ги демантираа невистините на СДС, Македонија има една од најниските стапки на инфлација
    • Андоновски: Филипче и Младеновска да одговорат зошто молчеле за над 400 извештаи за загадена вода во Гостивар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска: Се воведуваат парични казни за родителите на деца кои вршат врсничко насилство

    Јаневска: Се воведуваат парични казни за родителите на деца кои вршат врсничко насилство

    11.08.2026 во 13:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во последните три учебни години во училиштата просечно се пријавуваат по околу 50 случаи на врсничко насилство годишно, што покажува дека обемот не расте, но загрижува фактот што расте бруталноста во дел од пријавените случаи, истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска.

    Таа учествуваше на панел-дискусијата на тема „Меѓуврсничко насилство и вандализам“, што по повод Меѓународниот ден на младите се одржа во Охрид, во организација на Советот за млади под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

    „Очигледно е дека имаме предизвик и мораме да го решаваме. Ценам дека најважни во борбата против врсничкото насилство се превентивните активности. Затоа, со законските измени од минатата година ги задолживме училиштата во своите годишни програми да планираат активности за промоција на добросостојбата на учениците, заштита од насилство, злоупотреба и запуштање, спречување дискриминација, подобрување на комуникацијата и слично“, рече Јаневска.

    Министерката посочи дека се зајакнуваат стручните служби во училиштата и се вратени дежурствата на наставниците за време на одморите.

    Таа информираше дека во соработка со „Телеком“ и УНИЦЕФ е изработен прирачник за справување со сајбер-булингот, додека со компанијата „Макпетрол“ е подготвен Прирачник за справување со врсничко насилство во училиштата. Паралелно, во соработка со Коалицијата СЕГА се подготвуваат национални стандарди за безбедни училишта.

    „Анализите покажуваат дека една од главните причини за врсничкото насилство е семејното насилство, како и недостигот од соодветна грижа за децата во дел од семејствата. Затоа, заедно со МВР, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Комората на психолози, неодамна започнавме иницијатива за надградба на компетенциите на училишните психолози и наставници за препознавање семејно насилство и занемарување преку однесувањето на децата и спречување на нивна понатамошна трансформација во насилство насочено кон врсниците“, информираше Јаневска.

    Таа додаде дека во собраниска процедура се законски измени кои предвидуваат парични казни за родителите и старателите чии деца извршиле врсничко насилство, како и за оние кои одбиваат соработка со училишните служби.

    „Очигледно е дека негативните вредности полесно се наметнуваат и прифаќаат во општеството. Но, младите треба да го менуваат светот, а тоа е можно само преку промена на начинот на размислување и однесување. Укажувајте, спречувајте обиди за булинг, пријавувајте насилство, бидете емпатични, заштитете ги послабите и помогнете им на оние на кои им е потребна помош. Прифаќајте ги вистинските вредности – почитта, толеранцијата, единството и солидарноста“, порача Јаневска.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Власта ги извиси земјоделците

    11.08.2026 во 13:52

    Малолетник со тешки повреди пренесен во болница – автомобил го удрил додека туркал тротинет, па избегал

    11.08.2026 во 13:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.