60 килограми марихуана која требало да се најде на македонскиот пазар заврши во рацете на граничната полиција. Директорот за јавна безбедност, Александар Јанев со детали за акцијата за која тој вели дека е уште една потврда за определбата за безмислосна борба против незаконските дејствија.

„Повторно застанавме на патот на прекуграничниот криминал! Навремено е спречено криумчарење на над 60 килограми марихуана, која од Албанија требала да влезе во Македонија. Ова е уште една јасна порака дека нема толеранција за криминалот без исклучоци и без компромиси. Голема благодарност до раководството и колегите од Регионалниот центар Запад за нивната секојдневна борба, максимална контрола и беспрекорна посветеност во откривање и спречување на прекуграничните криминални активности“, напиша Јанев на својот Фејсбук профил.
Нашата цел е јасна, вели тој.
-Криминалните групи да знаат дека овде нема да поминат, дека ги чека силна држава, цврста полиција и гранична безбедност без компромис, напиша Јанев.