Големата акција пред два дена во Прилеп резултира со претрес на уште една, 37-ма локација и засилено присутво на полицијата во Прилеп, соопшти директорот на бирото за јавна безбедност Александар Јанев при денешната посета на прилепската полициска станица. Кривична пријава добија 21 лице, но не се опфатени четворицата осомничени полицајци за кои е надлежна внатрешната контрола на МВР. Од осомничените, 14 добија притвор до 30 дена, а четири куќен притвор. Парите, над 50 000 евра од последната претресена локација се најдени во банкарски сеф.

Имено, на 30 септември МВР спроведе координирана полициска акција во која, по повеќемесечна истрага, била сузбиена 21-члена организирана криминална група. Според МВР, групата била составена од 20 лица од Прилеп и едно од Скопје, а била инволвирана во недозволена трговија со дрога и економски криминал.

Exit mobile version