Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести: Падна цената на нафтата

    01.10.2026 во 14:04

    Македонската полиција казнува за овој прекршок – Ќе ве „удри по џебот” за 50 евра

    30.09.2026 во 09:31

    Крива Паланка: Татко си го нападнал малолетниот син со нож

    01.10.2026 во 14:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Јанев од Прилеп: Митот за недопирливите падна, поднесени пријави против 21 лице по големата акција против дрога и криминал
    • Повредена вработена во Дом за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје
    • Тетовчанец со остар предмет повредил двајца мажи – полицијата дома му пронашла пиштоли и куршуми
    • Загрижен татко се јавил во полиција: Ги запостави двете малолетни деца и дозволила ќерката да има полови односи со малолетник
    • Совети од Фон дер Лајен за надминување на блокадите: Муцунски следната недела во Софија ќе побара билатерална средба
    • Фон дер Лајен од Скопје: Наредната недела ќе го направиме првиот чекор за деблокирање на процесот
    • (ФОТО) Нова радост во Скопје ЗОО: Фелиција и Кенди добија принова, малиот Панчо стана брат
    • 40-годишна стружанка претепала старец, па го ограбила
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јанев од Прилеп: Митот за недопирливите падна, поднесени пријави против 21 лице по големата акција против дрога и криминал

    Јанев од Прилеп: Митот за недопирливите падна, поднесени пријави против 21 лице по големата акција против дрога и криминал

    02.10.2026 во 15:423 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска го посети Одделението за внатрешни работи Прилеп, по големата полициска операција спроведена пред два дена во која беше сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога и економски криминал.

    Јанев одржа работна средба со раководството на полицијата во Прилеп и со дел од полициските службеници кои повеќе од една година работеа на истрагата и реализацијата на операцијата. На средбата беа анализирани преземените активности и резултатите, но и следните чекори за одржување на безбедноста и спречување повторно создавање и зајакнување на криминални структури.

    Во изјава за медиумите, директорот информираше дека во рамки на операцијата биле извршени претреси на 36 локации, а дополнителна активност била реализирана вчера во банкарски сеф, каде биле пронајдени над 50.000 евра. Од вкупно 37 локации, четири претреси биле извршени кај полициски службеници вработени во ОВР Прилеп. Во рамки на акцијата биле пронајдени и одземени и моторни возила.

    „Сите сме сведоци дека беше спроведена голема, сложена и комплексна операција, којашто не беше ад хок операција којашто требаше да биде само спроведена и да си отидеме, туку операција и истрага којашто бараше многу посветена работа, којашто беше долгорочна, многу посветена, истрајна и пред сè чесна работа. Колегите коишто се до мене и позади мене имаат многу непроспиени ноќи во еден подолг временски период“, истакна Јанев.

    Тој информираше дека до надлежното Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е поднесена кривична пријава против 21 лице, а судот во Скопје определил мерки за обезбедување за сите лица опфатени со пријавата.

    Јанев посочи дека операцијата била резултат на долгорочна истрага, прибирање докази и анализи, а активностите биле спроведени не само во Прилеп, туку и во Скопје и Струга.

    „Тоа што е најважно за мене како прв човек на Бирото за јавна безбедност и на сите колеги, граѓаните да знаат дека митот за недопирливите во Прилеп конечно падна. Тоа е тоа коешто е наша должност, наша мисија – дека никој не може да се затскрива зад одредени конекции, одредени врски, одредени познанства и да се прави недопирлив“, порача директорот на БЈБ.

    Тој изрази благодарност до полициските службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, СВР Битола, ОВР Прилеп, специјалните полициски служби при БЈБ, како и до сите институции кои учествувале во реализацијата на операцијата.

    Јанев нагласи дека успешното завршување на операцијата не значи и крај на полициските активности во Прилеп. Истрагата продолжува, а посебен фокус ќе биде ставен на секојдневното и повидливо присуство на полицијата на терен и на зајакнување на соработката со граѓаните.

    „Од денеска понатаму следува потешкиот дел. Тоа за што бевме овде го завршивме, го спроведовме. Меѓутоа, истрагата ќе продолжи секако и понатаму. Она што е најважно за локалната полиција е што понатаму. А понатаму значи – секојдневно ќе бидеме присутни со граѓаните, полицијата ќе биде уште повидлива“, истакна Јанев.

    Директорот упати апел до граѓаните да не бидат неми сведоци на криминалот, туку да пријавуваат и да соработуваат со полицијата, потенцирајќи дека довербата се гради со секојдневна професионална работа, присуство и конкретни резултати.

    „Кога институциите работиме заедно, кога споделуваме информации, кога ги градиме тимовите и кога работиме чесно, резултатите доаѓаат сами по себе“, порача Јанев.

    Прочитај повеќе

    Повредена вработена во Дом за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје

    02.10.2026 во 15:35

    Тетовчанец со остар предмет повредил двајца мажи – полицијата дома му пронашла пиштоли и куршуми

    02.10.2026 во 15:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.