Close Menu
Press24
    Најново

    Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“

    09.06.2026 во 23:46

    Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото

    09.06.2026 во 23:38

    ЕУ подготвува шок-правила за Балканот: Германија и Франција бараат новите членки привремено да немаат право на глас

    09.06.2026 во 23:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“
    • Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото
    • ЕУ подготвува шок-правила за Балканот: Германија и Франција бараат новите членки привремено да немаат право на глас
    • Украинците ги засилуваат нападите на Крим: Ова е нивната главна цел втора ноќ по ред
    • Хаос во Белфаст: Запален автобус и брутални антиимигрантски немири по крвавиот напад со нож
    • Филмска измама во Канада: Пилот летал патнички авиони 17 години без дозвола на над 900 летови
    • Нова експлозија на автомобил-бомба во близина на Москва: Загина маж, се сомнева дека е висок офицер
    • Несреќа на охридскиот аеродром: Работник паднал од кров и се здобил со тешки повреди
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јанев: Криминалците никаде не смеат да се чувствуваат безбедни или недопирливи

    Јанев: Криминалците никаде не смеат да се чувствуваат безбедни или недопирливи

    03.02.2026 во 13:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денес и утре, Македонската полиција е домаќин на регионалната конференција на тема „Човечкиот фактор наспроти технологијата во собирање докази против високоризични криминални мрежи“, која се одржува по иницијатива на Бирото за јавна безбедност и Одделот за сузбивање на сериозен и организиран криминал, со финансиска поддршка од Проектот EU4FAST.

    На конференцијата учествуваат претставници на полициските служби и јавните обвинителства од Белгија, Словенија, Италија, Бугарија, Србија, Албанија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина, како и претставници на Проектот EU4FAST, Европол, Интерпол и партнерските безбедносни агенции присутни во Република Северна Македонија.

    Во своето обраќање, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, истакна дека борбата против транснационалниот организиран криминал бара цврста и суштинска меѓународна соработка.

    „Во борбата против транснационалниот организиран криминал, меѓусебната доверба, отворената соработка и континуираната размена на информации и знаења не се избор, туку неопходност. Само преку вистинско партнерство можеме ефикасно да одговориме на закани кои не познаваат граници“, нагласи директорот Јанев.

    Тој посочи дека технологијата претставува клучен сојузник во современите истраги, но дека нејзината примена мора да биде во рамките на јасен човечки и институционален контекст.

    „Технологијата ги зајакнува доказите, ја зголемува безбедноста на полициските службеници и овозможува финансиско и дигитално следење на криминалните активности. Но, без човечки контекст, податоците остануваат нецелосни, а без технолошка поддршка, истражителите се изложени на непотребен ризик. Силата на современото спроведување на законот лежи во дисциплинираната и одговорна интеграција на човечкиот фактор и технологијата“, истакна Јанев.

    Директорот на БЈБ нагласи дека успехот на органите на прогонот не се мери само преку лишување од слобода на сторителите, туку преку обезбедување одржливи обвиненија и правосилни судски одлуки.

    „Ефикасната борба против транснационалниот организиран криминал зависи од рана, континуирана и структурирана соработка меѓу истражителите и јавните обвинители. Партнерството меѓу истражителот и обвинителот е камен-темелник на кредибилен и ефикасен институционален одговор на криминалот“, рече Јанев.

    Истовремено, тој упати порака дека отвореноста и партнерството меѓу државите и институциите задолжени за спроведување на законот значи напуштање на фрагментираниот пристап и градење реална, синхронизирана и системска соработка насочена кон внатрешните структури и раководните нивоа на криминалните мрежи.

    „Со искрена, заедничка и партнерска соработка, криминалните мрежи, структури и поединци никаде не смеат да се чувствуваат безбедни, заштитени или недопирливи“, порача директорот на БЈБ, Александар Јанев.

    Прочитај повеќе

    Несреќа на охридскиот аеродром: Работник паднал од кров и се здобил со тешки повреди

    09.06.2026 во 22:37

    Силјановска Давкова на прием во Британската амбасада: Обединетото Кралство е наш стратешки партнер

    09.06.2026 во 22:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.