Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Нови контроли од УЈП: Започна проверка на приливите од странство за 2021 година, испратени предупредувања до граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јамалов: Владата со ребалансот ја насочува државата кон инвестиции и економски раст

    Јамалов: Владата со ребалансот ја насочува државата кон инвестиции и економски раст

    06.07.2026 во 17:353 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На денешната седница на Комисијата за финансирање и Буџет се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јамалов кој истакна дека ребалансот на Буџетот за 2026 година не претставува само измена на буџетските ставки, туку документ што ќе овозможи нови инвестиции, реализација на проекти, економски раст и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

    „Денес разговараме за ребаланс на Буџетот за 2026 година. За некого ова можеби се само бројки на хартија, но за Владата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ова е документ кој значи нови инвестиции, нови проекти, економски раст и подобар животен стандард за граѓаните. Кога ги анализираме макроекономските показатели во период 2017 до 2026 година гледаме јасен тренд, БДП по тековни цени расте од околу 618 милијарди денари во 2017 година на повеќе од 1 билион денари во 2025 година, а позитивен тренд продолжи и во 2026 година, тоа значи дека економијата создава поголема вредност, се движи напред и има капацитет да поддржи нов инвестициски циклус“, рече Јамалов.

    Јамалов истакна дека определбата на Владата е буџетските средства да се враќаат кај граѓаните преку инвестиции, посочувајќи дека со предложениот ребаланс се обезбедуваат повеќе од 41 милијарда денари за развојни програми. Според него, средствата се наменети за изградба и реконструкција на патишта, училишта, градинки, болници, водоводни и канализациски системи, железничка и енергетска инфраструктура.

    „Нашата определба е јасна, парите мора да се враќаат кај граѓаните преку инвестиции, затоа и во предложениот ребаланс се обезбедуваат повеќе од 41 милијарда денари за развојни програми. Тоа не се административни трошоци, тоа се патишта, училишта, градинки, болници, водоводи, канализации, железница, енергетски проекти и инфраструктура. Покрај најголемата енергетска криза која му се случила на општеството, економијата повторно расте, приходите во буџетот растат, продолжуваат капиталните инвестиции, а проектираниот економски раст за 2026 година изнесува 3,1%. Тоа покажува дека државата има јасен правец“, истакна Јамалов.

    На крај Јамалов посочи дека со предложениот ребаланс се обезбедуваат средства за навремена исплата на платите, пензиите, социјалните трансфери, субвенциите за земјоделците и поддршка за стопанството, како и за локалниот развој и дека ребалансот ја потврдува определбата за поголеми инвестиции, економски развој и поголема поддршка за граѓаните.

    „Овој ребаланс обезбедува навремена исплата на платите, пензиите, социјалните права, субвенциите за земјоделците и поддршка за стопанството, но истовремено обезбедува и средства за локалниот развој. Со овој ребаланс Владата покажува дека определбата е јасна, повеќе инвестиции, повеќе развој, повеќе поддршка за стопанството, повеќе средства за граѓаните. Она што особено охрабрува е фактот што развојните програми денес достигнуваат ниво кое е двојно повисоко во споредба со периодот пред неколку години. Тоа е јасен показател дека Македонија постепено ја менува структурата на јавните финансии од потрошувачка кон инвестиции“, дециден е Јамалов.

    Прочитај повеќе

    Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

    24.10.2026 во 14:56

    СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа

    24.10.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.