Ја излажале дека ќерка ѝ прегазила дете, па ѝ земале 2.700 евра

Вчера во 20.30 часот во Полициска станица Аеродром пристигнала пријава од 84-годишна скопјанка дека била измамена од едно лице за сума од 60.000 денари и 1.700 евра.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило околу 17.30 часот и ја известило дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која починало дете и доколку сака да ја спаси од затвор ќе треба да му даде пари. Како што е пријавено, тие се договориле, по што му ги дала парите, а откако ќерка ѝ дошла дома таа сфатила дека е измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

30.09.2022 - 17:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа