Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ја претепал сосетката, се заканил дека ќе ја убие, а потоа монструозно го убил нејзиното куче – Хорор во регионот
    • Во Србија регистрирани 60 случаи на заболени од западнонилска треска
    • УХМР ги објави температурите измерени во 17 часот: Каде беше најтопло, а каде најстудено
    • Се превртел со трактор во сопствениот двор: Прилепчанец заврши во болница
    • Сабајле уште во 8 часот ќе снема струја – Проверете дали сте на списокот за исклучувања
    • Масовен руски напад врз Украина: Оштетени над 10 енергетски објекти, половина милион луѓе без струја
    • Владата набавува 100 нови амбулантни возила: Мицкоски утре на промоција кај СЦ „Борис Трајковски“
    • Метео аларм: Искористете го утрешното сонце – доаѓа пресврт
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Извршители му ги цицаат парите на Касами во Тетово – првачињата останаа без ветените 100 евра

    Извршители му ги цицаат парите на Касами во Тетово – првачињата останаа без ветените 100 евра

    31.08.2026 во 18:481 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Тетово сè уште не ги исплати ветените по 100 евра за првачињата, иако според одлуката на Советот, парите требаше да бидат распределени уште на почетокот на јули.

    Советот на Општина Тетово на почетокот на јуни донесе одлука со која за секое дете запишано во прво одделение во учебната 2026/2027 година требаше да се додели ваучер од 6.150 денари. Мерката важеше за учениците запишани до 20 јуни.

    Градоначалникот Билал Касами сега вели дека исплатата не била реализирана бидејќи Општината е блокирана поради долгови, а парите што пристигнуваат во општинската каса се насочуваат кон извршители.

    Според Касами, Општината испратила налози за исплата на средствата за првачињата, но Трезорот не ги реализирал поради блокадата. Тој најави дека се работи на деблокирање на сметката и дека исплатата за првачињата ќе биде меѓу приоритетите.

    На истата седница на која беше донесена одлуката за субвенционирање на првачињата, Советот одобрил и еднократна финансиска помош од 1.144.484 денари, односно околу 18.000 евра, за Исламската верска заедница – Муфтиство Тетово. Средствата биле одобрени по барање да се врати износот платен како данок на промет при купување недвижен имот во комплексот Арабати Баба Теќе.

    Прочитај повеќе

    УХМР ги објави температурите измерени во 17 часот: Каде беше најтопло, а каде најстудено

    19.10.2026 во 18:04

    Се превртел со трактор во сопствениот двор: Прилепчанец заврши во болница

    19.10.2026 во 17:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.