Извршен увид по експлозијата во Ќерамидница, се вршат разговори со лица што би можеле да имаат одредени сознанија
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на самото место во скопската населба Ќерамидница, каде што утрово при експлозија на направа во двор на куќа беше повредено едно лице.
Се вршат разговори со лица што би можеле да имаат одредени сознанија, а по наредба на јавен обвинител, се обезбедуваат снимки од видеонадзорите на објектите.
Подигнатите траги од самото место ќе бидат предмет на вештачење.
МВР претходно објави дека утрово во дворот на Р. Т. била фрлена експлозивна направа. Од експлозијата тој добил повреди по што бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување помош.
Штекли минатата година двапти беше цел на напади во трговскиот центар „Ист гејт мол“, при што беше погоден од повеќе куршуми, па опериран и спасен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа