Извлечена жена од канал во Струмица

Претпладне околу 08:30 часот во близина на Рекиџиски мост на излезот од Струмица кон село Добрејци, пожарникарите извлекле жена падната во каналот.

Таа е извадена жива и неповредена и била предадена на екипа на итната медицинска помош по што била префрлена во струмичката болница.

Настанот го потврдија од Територијалната против пожарна единица на Струмица. Во извлекувањето на жената учествувале тројца пожарникари и едно техничко против пожарно возило.

Дополнително ќе се утврдуваат причините за незгодата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.08.2020 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега