Close Menu
Press24
    Најново

    Извештај на ДЗР: Програмите за ран скрининг на рак се неефикасни, 80 отсто од пациентките доцнат со лекувањето

    07.04.2026 во 11:36

    Падна пресудата за Лидија Димовап: Апелација ја укина затворската казна и го врати случајот на почеток

    07.04.2026 во 10:39

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС лицемерно профитира од сопствениот енергетски пустош, загубите во ЕСМ се нивно наследство

    07.04.2026 во 10:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Извештај на ДЗР: Програмите за ран скрининг на рак се неефикасни, 80 отсто од пациентките доцнат со лекувањето
    • Падна пресудата за Лидија Димовап: Апелација ја укина затворската казна и го врати случајот на почеток
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС лицемерно профитира од сопствениот енергетски пустош, загубите во ЕСМ се нивно наследство
    • (ВИДЕО) Шпанец се обидел да прошверцува илјадници парчиња пирсинг и игли за тетовирање на скопскиот аеродром
    • Масакр: Руски дрон погоди автобус полн со луѓе, има мртви и повредени
    • Герасимовски: Почна реконструкцијата на улица „Ленинова“, воведен привремен режим на сообраќај
    • План од 10 точки за мир: Иран нуди деблокада на Ормус, но бара 2 милиони долари такса по брод за воената штета
    • Цената на нафтата драстично расте, Трамп му се закани на Иран со „целосно уништување“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Извештај на ДЗР: Програмите за ран скрининг на рак се неефикасни, 80 отсто од пациентките доцнат со лекувањето

    Извештај на ДЗР: Програмите за ран скрининг на рак се неефикасни, 80 отсто од пациентките доцнат со лекувањето

    07.04.2026 во 11:362 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Државниот завод за ревизија (ДЗР) објави загрижувачки извештај кој директно посочува дека програмите за рана детекција на малигни заболувања во земјава не ги даваат очекуваните резултати. Ревизијата, која го опфаќа периодот од 2021 до 2024 година, покажува дека опфатот на скринингот е далеку под европските стандарди, што резултира со доцно откривање на болеста кај најголем дел од жените.

    Според податоците од ДЗР, во анализираниот период направени се вкупно 20.946 скрининг-мамографии кај жени на возраст од 40 до 69 години. Што се однесува до ракот на грлото на матката, од 2022 до 2024 година, земени се 130.093 ПАП-тестови од жени на возраст од 21 до 59 години.

    Сепак, овие бројки претставуваат само мал дел од целната популација. Опфатот на скринингот на рак на дојката се движи од мизерни 0,8 до 5,4 отсто, додека кај ракот на грлото на матката тој изнесува од 10,3 до 15,5 отсто.

    „Со постојниот опфат не може да се очекува доволен ефект во раното откривање на болеста, бидејќи тој е значително под европските препорачани нивоа за организиран популациски скрининг“, децидни се ревизорите.

    Најстрашниот податок во извештајот е фактот дека поради неефикасниот скрининг, дури 80 отсто од пациентките со рак почнуваат со лекување во подоцнежни стадиуми на болеста.

    Дополнителен проблем што го нотира ДЗР е неможноста прецизно да се оцени одѕивот на поканетите жени, бидејќи институциите не водат целосна евиденција колку покани биле испратени, а колку жени реално се појавиле на преглед.

    Популарно

    Извештај на ДЗР: Програмите за ран скрининг на рак се неефикасни, 80 отсто од пациентките доцнат со лекувањето

    07.04.2026 во 11:36

    Падна пресудата за Лидија Димовап: Апелација ја укина затворската казна и го врати случајот на почеток

    07.04.2026 во 10:39

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС лицемерно профитира од сопствениот енергетски пустош, загубите во ЕСМ се нивно наследство

    07.04.2026 во 10:32

    (ВИДЕО) Шпанец се обидел да прошверцува илјадници парчиња пирсинг и игли за тетовирање на скопскиот аеродром

    07.04.2026 во 10:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.