Непосредно пред почетокот на воениот конфликт со Иран, Израел во целосна тајност изградил воена база во пустинскиот регион на западен Ирак. Ова шокантно откритие го објави угледниот американски весник „Волстрит џурнал“ (WSJ), повикувајќи се на добро информирани извори и американски претставници кои потврдиле дека објектот бил подигнат со целосно знаење на Соединетите Американски Држави.

Според информациите, тајната база имала клучна стратешка намена. Таа била користена од израелските специјални сили, но пред сè функционирала како логистички центар за спасувачките екипи, кои биле во готовност да дејствуваат доколку израелски борбени авиони бидат соборени за време на операциите над иранска територија.

Најдраматичниот момент се случил во март, на самиот почеток на војната, кога локален овчар забележал невообичаена хеликоптерска активност во пустината. Откако тој пријавил кај властите, ирачката армија веднаш испратила свои сили да го истражат теренот. За да спречи откривање на локацијата, Израел извршил воздушен напад врз ирачките војници.

Во овој инцидент, кој предизвика остра осуда од официјален Багдад, загина еден ирачки војник, а двајца беа ранети.

Како што наведува „Волстрит џурнал“, токму оваа скриена локација му овозможила на Израел да реализира стотици воздушни напади врз Иран во рамките на воената кампања која официјално започна на 28 февруари со заеднички американско-израелски удари.

Exit mobile version