Вчера (09.12.2025) во 14:45 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од скопско пријавил дека во септември годинава бил измамен од Б.Н. и Р.Н за сума од 74.000 денари.

Како што се наведува во полицискиот билтен, според пријавеното, парите им ги дал да купат материјал од стовариште и да ги довршат градежните работи во неговата куќа, а откако дознал дека материјалот во стовариштето воопшто не е платен, а Б.Н. избегнувал контакт со него, сфатил дека е измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Exit mobile version