Излезеност до 17 часот: Во Неготино и Демир Капија гласале над 55% од граѓаните

 


Излезеноста на гласачите на денешните претседателски избори до 17 часот во општина Неготино изнесува 55,22 отсто, а во општина Демир Капија 55,85 отсто. 

Според информациите добиени од претседателката на Општинската изборна комисија (ОИК) Неготино, Елизабета Камчева, до 17 часот гласале 8.747 лица со право на глас. 

Во единствениот избирачки список, за оваа општина се запишани вкупно 15.840 лица со право на глас.

Според информациите на претседателот на ОИК Демир Капија, Благој Јовановски, пак,  во Демир Капија до 17 часот гласале 55,85 отсто од гласачите, односно гласале 1.790 лица со право на глас.  

Во избирачкиот список за општина Демир Капија има вкупно 3.216 избирачи.

24.04.2024 - 17:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега