Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пратил пушка по брза пошта, таа испукала од пакетот и го повредила поштарот – Бизарен случај во Требиње
    • СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?
    • По една деценија застој: Владата обезбеди 470 милиони денари за завршување на затворениот базен во Охрид
    • ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари
    • Ѓорѓиевски на средба со делегација од Советот на Европа: Фокус на децентрализацијата и финансиското јакнење на општините
    • Мицкоски утре во Шуто Оризари: Пуштање во употреба на новата детска градинка „8 Април“
    • Илон Маск предупредува: Америка ќе банкротира
    • Германија воведува специјална струјна тарифа за гејмери со моќни компјутери
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ивановска: Неодговорноста и корупцијата се убијците на Росица и нејзиниот татко

    Ивановска: Неодговорноста и корупцијата се убијците на Росица и нејзиниот татко

    18.09.2025 во 14:432 Mins Read
    ФОТО: Facebook/Билјана Ивановска
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Убијците на Росица и на татко и имаат име и презиме и се вика неодговорност и корупција, а истрагата, доколку се води професионално, треба да ни покаже кој од овие фактори преовладувал или пак и двата од нив довеле до моментот, Росица веќе да не е меѓу нас, истакна денеска пред МВР поранешната антикорупционерка и кандидат за градоначалник на Општина Центар Билјана Ивановска.

    Според неа, корупцијата кај нас е распространета во сите пори во општеството и порача државата да преземе мерки да се раскинат тие, како што рече, заднинско-политички мрежи кои што придонесуваат корупцијата да биде во постојан пораст.

    „За тоа е потребна волја и тоа не само политичка, туку многу повеќе и граѓанска волја. Нашите заложби се насочени кон тоа да делуваме во насока на надминување на слабостите кои што придонесуваат да имаме високо ниво на корупција во државата. Пред сѐ мислам на подигнување на нивото на свеста и на интегритетот на граѓаните. Понатаму, институциите крајно време е да профункционираат професионално со сите потребни услови за работа и при тоа да не бидат повеќе заложници на партиско-политичките влијанија“, истакна Ивановска.

    Нагласи дека очекува внатрешните контроли на институциите кои се вклучени во овој процес, да излезат и да кажат каде потклекнале и да ги кажат со име и презиме одговорните лица кои што придонеле да се дојде до уште една ваква трагедија.

    Носителката на листа за град Скопје од Независни заедно, Јана Белчева, пак, рече дека тие двете како носителки на локално ниво се обврзуваат дека во нивното работење ќе постават нов прицинип на работењето со што ќе ја вратат безбедноста кај граѓаните.

    Според Белчева, превенцијата е најважната работа на локалната самоуправа и на ниво на општина Центар и на Град Скопје и нагласи дека се обврзуваат дека ќе работат на креирање на безбеден град.

    Just In
    Прочитај повеќе

    СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?

    06.10.2026 во 17:45

    ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари

    06.10.2026 во 17:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.