Италијанскиот министер за одбрана: Нетанјаху прави сè погрешно, ја премина границата
Израелскиот претседател Бенјамин Нетанјаху прави сè погрешно и ја премина границата со израелската кампања во Газа, изјави денес италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето.
„Нетанјаху е личност која, според мене, прави сè погрешно. Легитимната и света војна против Хамас има граници, бариери, кои тој ги премина“, рече Крозето во интервју за италијанската ТВ програма „Кварта Република“, објави Анса.
Во интервју што ќе биде емитувано вечерва на телевизијата, Крозето исто така рече дека палестинскиот народ мора да биде вратен во живот.
„Мораме да го ослободиме палестинскиот народ од овој стисок на насилство и смрт, да му ја вратиме храната, да му ги вратиме лековите, да му го вратиме животот, да му го вратиме местото на живеење“, рече Крозето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа