Италија ќе бара одмазда: Многу тешка група за Македонија на квалификациите за ЕП 2024

 

Тешка група за македонската А репрезентација за квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 во Германија.

Ќе играме во групата „Б“ и тоа против актуелниот европски шампион, Италија. Репрезентација која ја елиминиравме во баражот за пласман на овогодишеното Светско првенство.

Освен Италија, тука е и гигантот Англија, и репрезентациите на Украина и Малта.

Квалификациските натпревари ќе се играат во 2023 година, најдобрите две селекции од секоја група ќе се пласираат на ЕП, а последните три места ќе им припаднат на победниците од плеј-офот во Лигата на нации.

 

09.10.2022 - 13:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега