Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Истражните органи извршија увид во Трубарево – продолжен притворот за четворицата осомничени

    Истражните органи извршија увид во Трубарево – продолжен притворот за четворицата осомничени

    17.09.2025 во 19:173 Mins Read
    Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и увидни екипи на МВР денеска извршија увид на местото по настанатиот пожар во Трубарево. Увидните дејствија, како што информираат од Обвинителство, се преземаат како во однос на настанувањето на пожарот, така и во однос на складирањето на отпадот на предметната локација, а бил извршено фотографирање и дронско снимање на локацијата.

    Од Обвинителство посочуваат дека со оглед на затрупувањето на локацијата од безбедносни причини, увидните дејствија на терен се отежнати.

    -По наредба на јавен обвинител, локацијата ќе остане обезбедена и во наредниот период за потребите на постапката. Таму ќе продолжат да се вршат дополнителни мерења на загадувањето од Министерството за животна средина, а на терен ќе излезе и вешто лице од областа на екологијата. Обвинителството и истражните органи продолжуваат да преземаат и други дејствија за целосно испитување на настанот, информираат од ЈОРСМ.

    На самото место, се уште е стационирана и противпожарна екипа, бидејќи на дел од локацијата и понатаму се јавуваат повремени чадења и постои опасност од ново разгорување. 

    Од Основниот кривичен суд Скопје претходно информираа дека судија на претходна постапка, постапувајќи по предлог на ОЈО – Скопје донел одлука со која се продолжува притворот за нови 48 часа за сите четворица опфатени со постапка за пожарот во Трубарево.

    Поради основано сомнение дека со заеднички дејствија учествувале во извршување на кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, во врска со пожарот во Трубарево, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири лица за кои од судија на претходна постапка во неделата на 13 септември побара определување мерка краткотраен 48-часовен притвор за обезбедување докази.

    – Нивните конкретни дејствија се испитуваат, но станува збор за 56-годишен управител и сопственик на 2 правни лица, 22-годишна управителка на трето правно лице, 42-годишник во својство раководител на подружница и еден 59-годишник вработен во правно лице. Се испитува потенцијална одговорност и на други лица, информираа тогаш од Обвинителство. 

    Четворицата се осомничени за кривичното дело од чл. 230 ст.3 вв со ст. 1 од КЗ, односно Загрозување на животната средина и природата со отпад.

    Обвинителство вчера информираше дека по наредба на јавниот обвинител од ОЈО Скопје, екипи на СВР Скопје и вчера излегле на лице место со цел преземање дејствија и прибирање определени докази потребни во однос на постапката за загрозување на животна средина со отпад. – Во континуитет се преземаат повеќе дејствија на обезбедување и анализа на документација, информира Обвинителство. 

    Пожарот избувна во саботата на 13 септември околу 14 часот во складиште за рециклирање отпад во Трубарево.

    Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, вчера попладне информираше дека пожарот е целосно изгаснат, а целата опожарена површна е затрупана со песок и земја. 

    Featured
    Прочитај повеќе

    УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт

    06.10.2026 во 23:52

    39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово

    06.10.2026 во 23:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.