Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец со брзина од 50 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 21, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
Денес во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Според УХMР во текот на новата седмица времето ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во вторник.


