Стравот на Венко Заев и СДС е едноставен, тие знаат дека дијаспората нема да гласа за нив затоа што тие луѓе си заминаа од државата токму поради нивното катастрофалното раководење.
Венко Заев и СДС денес панично го блокираат Изборниот законик со илјадници амандмани од една единствена причина, бидејќи стравуваат дека македонската дијаспора нема да им ја даде довербата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Токму нивното катастрофално владеење, неспособноста, криминалот, корупцијата и понижувањата што и ги нанесоа на државата ги натераа илјадници граѓани да ја напуштат Македонија. Луѓето заминаа затоа што ја изгубија надежта дека СДС може да обезбеди достоинствен живот.
СДС и Венко Заев наместо да покажат минимум одговорност и да овозможат полесно остварување на избирачкото право на иселениците, СДС прави се за да го закочи Изборниот законик. СДС и Венко Заев знаат дека дијаспората нема да гласа за оние кои ја натераа да си замине.
Блокадата на СДС и Левица нема никаква врска со демократијата, туку со стравот од уште поубедлив изборен пораз.
Доказ дека СДС се плаши од избори е и последната анкета каде ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од трипати поголема поддршка од СДС, додека довербата во опозицијата паѓа под 100 илјади гласови.
Со доверба од само 6 проценти, граѓаните испраќаат јасна порака дека политиките на СДС не добиваат поддршка.
На СДС му се неопходни суштински реформи и целосно нов пристап. Додека СДС останува на чело со луѓе кои се поврзуваат со криминал и корупција, како Венко Заев, довербата кај граѓаните во СДС ќе продолжи да опаѓа.
Дополнително, Амбасадорот на ЕУ во Македонија, господинот Михалис Рокас јавно го поздрави предложениот Изборен законик и повика на политички консензус за негово донесување. Единствени кои остануваат на спротивната страна се СДС и Венко Заев, кои повторно ги ставаат партиските интереси пред интересите на државата и граѓаните.
СДС и Левица колку и да блокираат, колку и да опструираат, вистината не можат да ја сокријат. Граѓаните добро знаат кој ја доведе државата до оваа состојба и кој ги принуди нивните најблиски да ја бараат својата иднина надвор од Македонија.
Следните избори ќе бидат јасен одговор на нивната политика на блокади, поделби и неуспеси, дополнуваат од партијата.


