На 05.07.2026 во 00:50 часот, на булеварот „Ослободување“ во Кичево, приведен е Л.Б.(19) од кичевското село Бачишта, по претходна пријава дека во алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување кон случајните минувачи.

По извршено алкотестирање, кај него констатирани се 2,02 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Exit mobile version