Истражувањето на МКД.мк, спроведено од агенцијата Маркет вижн од 10 до 27 јуни покажува дека јавноста во Македонија е добро запозната со предлозите на законот за заштита од употреба на тутунски и сродни производи. Одговорите на 1.200 испитаници покажаа дека повеќе од 2/3 од населението ги поддржуваат предлозите на Владата за забрана на пушење на јавни места.

На прашањето „Дали сте запознаени со предлозите на Законот за забрана за пушење на јавни места?“, повеќе од 83 отсто од испитаниците одговориле позитивно. Само 16,2 отсто од испитаниците одговориле дека не се запознати со предложените измени во овој закон.

Точно 68 отсто од испитаниците кои одговориле дека се запознати со измените во законот за забрана за пушење на јавни места одговориле дека ги поддржуваат предложените промени. Негативен став имаат 28,2 отсто од испитаниците кои одговориле дека се запознати со измените во Законот.

Измените на овој закон поминаа на прво читање во Собранието и се чека на расправите по надлежните комисии и поднесување амандмани, а потоа повторно да се најде на пленарна седница за второ читање и конечно гласање.

Exit mobile version