Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, наводно бил префрлен во Русија со воен авион во рамки на строго доверлива операција. Причината за овој трансфер, според првичните информации, е неговата влошена здравствена и безбедносна состојба.
Британскиот весник „The Sun“ објави дека Хамнеи бил однесен во Москва за итна операција на ногата. Се верува дека тој претрпел сериозни повреди за време на неодамнешните воздушни напади.
Медиумот пренесува неофицијални информации дека повредите се последица на напади извршени од страна на Соединетите Американски Држави и Израел. Изворите тврдат дека медицинската помош и транспортот биле лично понудени од рускиот претседател Владимир Путин.
До овој момент, властите во Техеран и Москва немаат испратено официјална потврда за ваквите наводи.

