Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57

    Регулаторна одлучи: Од полноќ големо поскапување на дизелот

    21.09.2026 во 15:10

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски разговараше за вложувања на американската воена индустрија
    • На тезга продавал пиротехника – заврши во станица
    • Невиден ужас во Австралија: Мајка избоде три деца – едното почина
    • По појавата на глувци во Центар – денеска и утре вонредна дератизација
    • Пожарите се уште беснеат – 10 активни низ цела Македонија
    • Личните документи ќе ги имаме на мобилен телефон: м.Услуги ќе се промовира кон крајот на октомври
    • Србија се подготвува за избори: Досега потврдени 11 кандидатски листи
    • Драматично во Франција: Голем пожар јужно од Перпињан, близу 200 пожарникари се борат со огнот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Иран ги нападна американските бази во четири држави

    Иран ги нападна американските бази во четири држави

    28.02.2026 во 12:141 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Иранската војска започна масовни напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати. Како што пренесува иранската агенција „Фарс“, овој напад е директна одмазда за заедничките воени операции на САД и Израел на иранска територија.

    На мета се најдоа клучните бази Ал Удеид во Катар, Ал Салем во Кувајт, Ал Дафра во ОАЕ, како и американската поморска флота во Бахреин. Од Катар потврдија дека ракетите биле насочени кон нивната територија, но биле соборени од катарската ПВО. Слична е ситуацијата и во Кувајт, каде се огласија сирените и беа пресретнати ракети во близина на седиштето на Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ).

    „Ситуацијата во Катар е стабилна и безбедна и во моментов нема индикации што предизвикуваат загриженост за внатрешната безбедност“, соопшти претходно Министерството за внатрешни работи на Катар, иако дел од американскиот персонал веќе е евакуиран.

    Тензиите дополнително ескалираа откако експлозии одекнаа и во Абу Даби и Ријад, а ОАЕ делумно го затвори својот воздушен простор. „Овој напад е грубо кршење на националниот суверенитет и меѓународното право, а ОАЕ го задржува правото да одговори на ескалацијата“, се наведува во официјалното соопштение.

    Прочитај повеќе

    Невиден ужас во Австралија: Мајка избоде три деца – едното почина

    21.09.2026 во 22:27

    Србија се подготвува за избори: Досега потврдени 11 кандидатски листи

    21.09.2026 во 22:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.