Ирачкото Министерство за енергетика вечерва соопшти дека целата национална електрична мрежа доживеала тотален колапс. Без струја останаа сите ирачки провинции, а властите сè уште не можат да ја утврдат прецизната причина за овој „blackout“.
Овој енергетски колапс доаѓа во критичен момент додека Ирак е на удар на серија напади како дел од војната меѓу Израел, САД и Иран. Веднаш по прекинот на струјата, амбасадата на САД во Багдад издаде итно соопштение до своите државјани: „Напуштете го Ирак веднаш!“. Се стравува дека прекинот е последица на саботажа на клучните далноводи или прекин на снабдувањето со гас од Иран.

