Close Menu
Press24
    Најново

    Без вода и без струја утре повеќе улици во Скопје

    08.07.2026 во 21:23

    Филипче: Македонија касни цела година со реформите, додека регионот оди напред

    08.07.2026 во 21:01

    Филипче: СДСМ е единствената партија која толку силно се бори против криминалната власт

    08.07.2026 во 20:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Без вода и без струја утре повеќе улици во Скопје
    • Филипче: Македонија касни цела година со реформите, додека регионот оди напред
    • Филипче: СДСМ е единствената партија која толку силно се бори против криминалната власт
    • Зеленски: На состанокот со Трамп нагласена потребата од зајакнување на украинската противвоздушна одбрана
    • Јанкуловски: Овој ребаланс е доказ дека Владата прави историски најголеми издвојувања за општините
    • Филипче: Гласањето по пошта отвора сомнеж за кражба на изборите
    • Над 200.000 лажни кондоми откриени во држави во и надвор од ЕУ
    • Иран се закани дека ќе ја блокира Ормуската теснина откако Трамп најави нови напади
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Институциите ќе го кажат зборот: Јаневска за нерегуларностите на Филозофскиот факултет

    Институциите ќе го кажат зборот: Јаневска за нерегуларностите на Филозофскиот факултет

    22.04.2026 во 13:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска се огласи за случајот со нерегуларностите при упис на магистерски и докторски студии на Филозофскиот факултет при УКИМ. Јаневска потенцираше дека таа лично не е надлежна да одредува кој ќе сноси одговорност, туку тоа е работа на други институции во државата.

    „Би сакала да верувам дека ова е изолиран случај и дека не е тенденциозно направен, но токму поради тоа другите институции ќе си го кажат зборот“, изјави Јаневска.

    Таа додаде дека доколку се утврди дека уписот на студентите бил нерегуларен, следниот логичен чекор е и поништување на дипломите, но конечната одлука ќе биде донесена по завршувањето на извештаите од надлежните органи.

    Потсетуваме, раководството на Филозофскиот факултет веќе презеде мерки по заклучоците на Државниот просветен инспекторат (ДПИ). Деканот, проф. д-р Оливер Бакрески, соопшти дека е поништен уписот и статусот на студенти за седум магистранти и четворица докторанти. Проблемот настанал бидејќи тие студенти имале тригодишни стручни (апликативни) додипломски студии, кои според законот од 2018 година, не овозможуваат продолжување на вториот и третиот циклус студии, за разлика од академските студии.

    Од факултетот појаснија дека се спроведуваат заклучоците на Инспекторатот, но останува неизвесноста околу судбината на дипломите на оние кои веќе ги завршиле студиите пред овој надзор.

    Прочитај повеќе

    Без вода и без струја утре повеќе улици во Скопје

    08.07.2026 во 21:23

    Филипче: Македонија касни цела година со реформите, додека регионот оди напред

    08.07.2026 во 21:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.