Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот
    • Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација
    • Приведен тинејџер: Се заканувал на полицаец преку социјални мрежи
    • Радев бесен: Напад со дронови во Бугарија – еден брод потонал друг се запалил
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Инспектори на терен низ Македонија, АХВ со шок-бројки: 200 кила сладолед заврши во отпад

    Инспектори на терен низ Македонија, АХВ со шок-бројки: 200 кила сладолед заврши во отпад

    25.09.2026 во 10:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во текот на јули и август спровела 560 вонредни инспекциски контроли кај производители на сладолед и мраз, како и во угостителски објекти кои произведуваат вакви производи за сопствени потреби.

    При контролите биле утврдени повеќе неправилности, поради што биле издадени 140 решенија. Дополнително, изречени биле 45 парични казни во вкупна вредност од околу 19.430 евра во денарска противвредност.

    Од АХВ информираат дека како небезбедни биле отстранети и уништени вкупно 202 килограми и литри сладолед и мраз.

    Инспекторите утврдиле дека 17 оператори не биле регистрирани во АХВ, додека 64 немале извршено лабораториски анализи на сладоледот или мразот. Кај 20 оператори биле констатирани неправилности во означувањето на производите, а кај тројца било утврдено дека мразот го набавувале од нерегистриран добавувач.

    Контролите покажале и дека во 10 објекти имало вработени без задолжителни здравствени прегледи. Несоодветни хигиенски и технички услови биле утврдени кај пет оператори.

    Дополнително, 19 оператори немале воспоставено соодветни процедури за добра производствена и хигиенска практика, како и за чистење на ледоматите. Кај четири оператори недостасувале записи за следливост, додека кај еден биле утврдени пропусти во спроведувањето на задолжителните мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

    Од АХВ посочуваат дека контролите биле спроведени согласно законските обврски за безбедност на храната.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена

    06.10.2026 во 14:11

    МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден

    06.10.2026 во 14:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.