Во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, 39-годишен скопјанец физички нападнал две лица на возраст од 82 и 73 години.

Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 3 јуни околу 20:25 часот, при што нападнати биле Т.Ј. (82) и М.А. (73), двајцата од Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Exit mobile version