Ноќеска околу 02:00 часот, кај наплатната станица Демир Капија, полициски службеници од ОВР Неготино лишиле од слобода 36-годишен државјанин на САД, Р.С.
При сообраќајна контрола, Р.С., кој управувал патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, дал на увид сообраќајна и возачка дозвола, но одбил да го покаже документот за лична идентификација. Пријавениот потоа физички ги нападнал полициските службеници.
За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. објави Скопје1.мк


