Моторџијата Фатон Љури кој го прегази Југослав Николовски во јули на пешачка патека не дојде на денешното рочиште.

Судијката Снежана Марковска кажа дека непосредно пред рочиштето добиле известување од затворот во Шутка дека Љури има стомачен вирус и е на инфузија.

„Непосредно пред рочиштето беше судот телефонски известен дека обвинетиот поради стомачен вирус е нужно веднаш да прими инфузија, а домскиот лекар доколку е потребно ќе побара и дозвола од судот за спроведување на обвинетиот до Клиника ако му се влоши, рече судијката.

Exit mobile version