Close Menu
Press24
    Најново

    Илјадници денари во чад: Просечен пушач во Македонија троши 57.600 денари годишно на цигари

    29.11.2026 во 14:27

    Три случаи во Скопје: Истакнувани знамиња на „Голема Албанија“, МВР најави поднесоци

    29.11.2026 во 14:18

    По ноќешниот голем украински напад врз Русија, Москва тврди дека соборила повеќе од 1.000 дронови

    29.11.2026 во 14:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Илјадници денари во чад: Просечен пушач во Македонија троши 57.600 денари годишно на цигари
    • Три случаи во Скопје: Истакнувани знамиња на „Голема Албанија“, МВР најави поднесоци
    • По ноќешниот голем украински напад врз Русија, Москва тврди дека соборила повеќе од 1.000 дронови
    • Јанчев: Механизацијата го расчистува патот кон Бошавијата и горните села
    • Шамбевски: Владата со системски мерки за младите во образованието, вработувањето и станбеното осамостојување
    • Забрани за камиони на Стража, Буково, Маврово – Дебар и кон Деве Баир, магла ја намалува видливоста
    • Четворица возачи уапсени во Тетово: Возеле пијани, без дозвола и покрај активна забрана
    • Антонијо Милошоски на „Ѕидот на срамот“ на МЗД: Евроинтеграција само декларативно
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Илјадници денари во чад: Просечен пушач во Македонија троши 57.600 денари годишно на цигари

    Илјадници денари во чад: Просечен пушач во Македонија троши 57.600 денари годишно на цигари

    29.11.2026 во 14:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Алармантни податоци за навиките на граѓаните и поразителна статистика за достапноста на тутунот кај младите беа презентирани на националната конференција организирана во соработка со Светската здравствена организација. Најновото истражување на тинк-тенкот „Аналитика“ открива дека дури 48,1 отсто од возрасните во Македонија се секојдневни пушачи, што претставува сериозен скок во споредба со претходните 43 проценти. Кога во оваа пресметка ќе се вклучат и новите тутунски и никотински производи, вкупната употреба достигнува фрапантни 54 отсто од населението, при што речиси секој четврти пушач консумира повеќе од една кутија цигари дневно, а 17 отсто од малолетниците веќе користат класични цигари или уреди со загреан тутун.

    Финансискиот товар врз семејните буџети е огромен, со оглед на тоа што просечен пушач во земјава издвојува околу 4.800 денари месечно, односно 57.600 денари на годишно ниво. Министерот за здравство Сашо Клековски остро предупреди на апсурдот дека граѓаните трошат повеќе пари на оваа штетна навика отколку за сопствената здравствена заштита.

    „Половина нација издвојува повеќе за да си наштети на здравјето отколку што издвојува за да го заштити здравјето“, рече Клековски.

    Пресметките од истражувањето сликовито покажуваат дека со тие 57.600 денари годишно едно семејство би можело да купи околу 142 килограми пилешко филе, повеќе од 1.380 векни леб, околу 830 литри млеко или пак да покрие значителен дел од трошоците за летен одмор. Истовремено, загрижува фактот што повеќе од две третини од малолетниците кои се обиделе да купат цигари во продавниците воопшто не биле одбиени, што дополнително ја влошува состојбата. Претставникот на Светската здравствена организација, д-р Аким Али, децидно порача дека се неопходни повисоки цени и акцизи за да се намали достапноста на тутунот, особено кај младата популација.

    „Пушењето не е избор на животен стил. Пушењето е зависност“, нагласи Али.

    Анализата потврдува дека токму цената е клучниот фактор за промена на навиките, бидејќи кај 47,3 отсто од пушачите кои се обиделе да се откажат главниот мотив бил финансискиот трошок, додека реалноста покажува дека цигарите станале за 17,3 отсто подостапни во однос на растот на просечната плата. Покрај економската штета, здравствениот биланс останува драматичен, со оглед на тоа што на Клиниката за торакална хирургија годишно се дијагностицираат меѓу 600 и 700 нови пациенти со рак на белите дробови, од кои огромно мнозинство се пушачи, додека новиот и построг закон за заштита од пушење сè уште чека зелено светло во собраниска процедура.

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг – остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра

    28.11.2026 во 10:14

    Сиљановска-Давкова се сретна со косовската претседателка: Фокус на образованието и науката

    27.11.2026 во 19:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.