Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Илинден свети со нови 1.500 метри ЛЕД мрежа

    Илинден свети со нови 1.500 метри ЛЕД мрежа

    29.06.2026 во 11:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во рамки на иницијативата „Светла Општина Илинден“, Општина Илинден продолжува со модернизација на системот за јавно осветлување, при што во изминатиот период поставено е ново современо ЛЕД улично осветлување на повеќе локации со вкупна должина од околу 1.500 метри.

    Инсталирани се нови метални канделабри и енергетски ефикасни ЛЕД светилки на улица „32“ во н.м Илинден, во должина од 450 метри, на патниот правец Бујковци – Мршевци во должина од 470 метри, на дел од улицата „500“ во должина од 120 метри.

    Дополнително, осветлени се потегот од Спортската сала „Гоце Делчев“ до СОСУ „Илинден“, улицата од плоштадот кон СОСУ „Илинден“, паркинг-просторот на училиштето, како и улицата и паркингот кај детската градинка, во должина од околу 450 метри.

    Со поставувањето на новото ЛЕД осветлување значително се подобрува видливоста и безбедноста на пешаците и сите учесници во сообраќајот, а истовремено се обезбедува поекономично, поефикасно и поодржливо функционирање на системот за јавно осветлување. Паралелно со поставувањето на нови линии, екипите на ЈКП „Илинден“ континуирано работат на докомплетирање на постојната мрежа за јавно осветлување со санација на оштетените светлосни места, при што се заменуваат дотраените светилки со нови, современи ЛЕД рефлектори.

    Општина Илинден останува посветена на континуирани инвестиции во јавната инфраструктура, реализирајќи проекти што придонесуваат за создавање побезбедна, поуредена и енергетски поефикасна животна средина за сите граѓани.

    Прочитај повеќе

    Утре ќе нема струја неколку часа – Проверете дали сте на списокот за исклучувања

    17.09.2026 во 21:03

    Од понеделник во училиштата во Гази Баба ќе се интонира химната

    17.09.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.