Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Илиевска: Над 330.000 пензионери добија линеарно зголемување на пензиите

    Илиевска: Над 330.000 пензионери добија линеарно зголемување на пензиите

    11.08.2026 во 13:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дијана Илиевска, на денешната прес-конференција го истакна исполнувањето на ветувањето за линеарно зголемување на пензиите за сите највозрасни граѓани во државата.

    Таа посочи дека пензионерите се заслужна категорија граѓани за кои државата мора да покаже вистинска грижа.

    „Почитувани, пензионерите не се највозрасните граѓани кои го заокружиле својот работен век, туку тие се најзаслужната категорија на граѓани кои со својата пот и неуморна работа ја граделе државата. Имајќи го ова предвид, уште во опозиција се обврзавме дека нема пензионерите повеќе да бидат заборавени, ниту да живеат на маргините на општеството, туку ќе добијат вистинската грижа од државата за безгрижни пензионерски денови“, изјави Илиевска.

    Пратеничката ги изнесе конкретните бројки во однос на реализираното покачување.

    „Ветивме дека секој еден пензионер, односно над 330.000 пензионери, без разлика на износот на пензијата, во својот домашен буџет ќе добие линеарно зголемување од 5.000 денари. За само две години од мандатот успеавме да го исполниме ова ветување, со што пензиите на сите пензионери се зголемија линеарно за 7.000 денари“, истакна таа.

    Илиевска појасни дека со овој чекор се заштитени граѓаните со најниски примања и ги наведе новите износи на пензиите.

    „Со ова линеарно покачување ги заштитивме оние со најниски примања, но истовремено дадовме заслужено зголемување за сите кои со децении го градеа ова општество. Така, најниската пензија, која порано за жал не беше доволна ниту за основните животни потреби, благодарение на исполнетото ветување на Владата, се зголеми и сега изнесува 18.192 денари. Додека, пак, просечната пензија достигна историски највисоко ниво и денес изнесува околу 28.120 денари“, нагласи Илиевска.

    На крајот, пратеничката порача дека поддршката за највозрасните останува висок приоритет.

    „Почитувани, за нас, грижата за возрасните лица и понатаму останува еден од приоритетите и во таа насока ќе продолжиме да работиме со посветено, одговорно и домаќинско работење за сите граѓани“, заклучи Илиевска.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.