Играчите на Виљареал легнаа на тревата од очај: Дали е ова најбизарниот автогол на сезоната?

Виљареал на крајно бизарен начин остана без победа против Атлетико Мадрид.

Атлетико на свој терен во последната минута од надополнувањето извлече бод против Виљареал. Жолтата подморница имаше предност од 2:1 и се чинеше дека ќе запише 3 бода на исклучително тешкото гостување, но во 95-та минута Аиса Манди го постигна веројатно најбизарниот автогол во сезоната.

Манди му ја враќаше топката на голманот од 25 метри оддалеченост од својот гол, меѓутоа не забележа дека Руљи е на другата страна на теренот. Топката заврши во мрежата, а фудбалерите на Виљареал од очај легнаа на тревата.

Погледнете како изгледаше бизарната сцена: 

31.08.2021 - 09:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа