Ибрахим: Парламентарното мнозинство е стабилно

„Парламентарното мнозинство е стабилно, а верувам дека ќе се зголеми и бројот на проевропските пратеници за уставните измени“, вели во изјава за „Локално“,Енес Ибрахим – претседател на Партијата за движење на Турците (ТХП).

– Парламентарното мнозинство е стабилно. Верувам дека ќе се зголеми и бројот на проевропските пратеници. И покрај блокадите на ВМРО ДПМНЕ законите кои се битни за граѓаните поминуваат од Собранието. Како Партија за движење на Турците (ТХП) секогаш сме спремни на избори. Но дали е времето за нови избори? Како одговорна партија веруваме дека за време на економска-енергетска криза изборите се непотребни. Владата добро го менаџира овој процес. Често се промовираат нови мерки за подобрување на стандартот на граѓаните, изјави Ибрахим за „Локално“.

10.10.2022 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа