И Пендаровски удри потпис за измените на законот: Возачките со „Република Македонија“ ќе важат до крајот на годината

 
Шефот на државата Стево Пендаровски го потпишал Указот за измени на Законот за безбедност на сообраќајот и патиштата, со кој практично се пролонгира важењето на возачките дозволи со назив „Република Македонија“, до крајот на оваа година. Меѓу другото, во објавата на Фејсбук Пендаровски ја поздрави и одлуката на пратениците кои, како што кажа, денеска интересите на граѓаните ги ставиле над дневната политика. 
„Ја поздравувам одлуката на пратениците кои денеска ги ставија интересите на граѓаните над дневната политика и донесоа решение за возачките дозволи.
Пред малку го потпишав Указот за измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со кои се пролонгира важењето на возачките дозволи со старото уставно име, а, крајниот рок за нивна замена ќе биде 31 декември 2024“, напиша претседателот на Фејсбук.

12.02.2024 - 18:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега