СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.З.(22) од село Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’ и ,,овозможување на употреба наркотични дроги’’.

– На 25.08.2025 во двор на основно училиште во село Банско, полициски службеници извршиле преглед кај пријавениот, при што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Марихуана е пронајдена и кај уште едно лице, која му ја дал пријавениот, информираа од полицијата. 

Exit mobile version