Популарната српска пејачка Марија Шерифовиќ замина на егзотично патување на Бали, придружувана од своите најблиски пријателки, меѓу кои и колешката Јована Пајиќ. Иако одморот требало да биде само релаксација и уживање во знаменитостите, една средба со локалните животни тргнала во неочекуван правец.

Додека Марија се обидувала да направи интересна фотографија со мајмун, животното ненадејно ја каснало. Пејачката целиот настан го снимила и го сподели со своите следбеници, шегувајќи се на сопствена сметка и на сметка на „напаѓачот“.

И покрај малиот инцидент, атмосферата на патувањето останала на високо ниво, а Марија продолжила да ги забавува фановите со кадри од преубавите плажи и авантурите на островот.

„Штотуку ме касна мајмун, среќа што е стар, и што забите му се тапи“, вели Марија во своето видео.

Exit mobile version