Минималната нето-плата во Турција од почетокот на следната година ќе изнесува 28.075 турски лири, односно околу 556 евра. Одлуката ја соопшти министерот за труд и социјална политика, Ведат Ишихан, по серијата преговори меѓу социјалните партнери што се одржаа во текот на декември.

Ова претставува зголемување од 27 проценти во споредба со претходната година, мерка која директно ќе влијае врз животниот стандард на седум милиони вработени. За да се олесни товарот врз приватниот сектор, државата ќе ги субвенционира работодавците со 1.270 лири (25 евра) за секој работник на минималец.

Дополнително, турските власти воведуваат и нова социјална мерка – можност за полудневно работно време за државните службеници кои имаат деца.

Exit mobile version